„Ќе мора да се свртиме дома“, Османи не е сигурен дека Македонија ќе добие датум од ЕУ во јуни

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не е сигурен дека во јуни, Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија. Според него, направено е се што се барало, а доколку датумот не биде доделен, тогаш, за одговорноста кажа дека е во Бугарија и ЕУ. Османи кажа дека ќе опадне и заинтересираноста на граѓаните за овој процес, со тоа Македонија ќе треба да се посвети на внатрешните проблеми.

„За рокови не можеме да зборуваме, не сме тие што одлучуваме. Ние бевме одговорни да ги испочитуваме сите рокови. Меѓутоа, да бидеме конструктивни, топката не е во нашиот двор. Топката е во Софија и Брисел. Тоа е нивна одговорност ако биде или ако не биде. Премногу вложуваме во ова прашање и ќе мора да се свртиме во прашањата дома, да продолжиме со реформите и процесите. Кога ЕУ ќе реши да даде сигнал за регионот, ние сме тука, никогаш нема да се повлечеме од амбицијата за ЕУ. Сметам дека сме и бевме пример кои ги надминуваме условите за започнување на преговорите со 40 отсто европско законодавство кое е дел од нашето, земја лидер во регионот во однос на политичките критеруми, лидер по однос на соседите. Се тоа што се бара од една држава. Јас мислам дека има уште шанса, ќе продолжиме да бараме решение. Пораката која ја праќаме до ЕУ и Бугарија е дека се намалува можноста целото општество да се посвети на ова прашање. Затоа треба веднаш да се најде начин да се донесе одлука“, кажа Османи.

За преговарачката рамка и барањата на Бугарија нерешените проблеми да бидат дел од неа, Османи рече дека повеќето земји членки се против ваквиот предлог.

„Земјите членки се свесни дека тоа што ќе влезе во преговарачката рамка создава и преседани кои потоа треба да се следат. Тоа значи не е во прашање нашата преговарачка рамка, туку идниот процес на интегрирање. Гледам дека повеќето, се сензитивни за внесување на билатерални прашања во преговарачката рамка. Мислам дека земјите се многу внимателни што ќе прифатат во преговарачката рамка“, додаде Османи.

За посетата на еврокомесарот Оливер Вархеј, кажа дека била во насока да се надминат разликите меѓу Македонија и Бугарија.

„Со Вархеј се разменуваа идеи како да се надминат разликите во однос на содржината на преговарачката рамка, тој е претставник на Комисијата која ја предлага преговарачката рамка. Не можам да кажам што се размислувањата, но добро е што комесарот се движи во Скопје и Софија“, кажа Османи.

„Во однос на изјавата на Генчовска не можам да кажам што мисли“, рече Османи за изјавата на министерка за надворешни работи на Бугарија.

Билатерален документ со Софија засега нема. Доколку има, тој пред пратениците и јавноста ќе биде презентиран откако ќе се постигне комплетна усогласеност.

„Преговарачката рамка треба да помине во Собрание. Треба да ја одобри. Но останатите прашања од билатералниот документ, пратениците ќе бидат информирани на седница кога ќе видиме дека сме се усогласиле. Не сме во таква состојба, тие имаат поинакви гледања во одредени прашања“, кажа Османи.

Би можело да ве интересира

Рама телефонски разговарал со Борисов за решавање на прашањето на бугарското малцинство во Албанија

Ана Ололовска

Рама му одговори на бугарското МНР: Пријатели смирете се – тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!

Ана Ололовска

Макрон не се откажува – Во следните часови ќе барам договор со „Северномакедонците“

Анита Петровска Рајковиќ

Вучиќ: Еди и Димитар се пофрустирани од мене, им благодарам што беа фер кон Србија

Орце Костов

Еди Рама: Ниту војната не успеа да ги обедини Европејците

Орце Костов

Самитот ЕУ-Западен Балкан заврши без какви било резултати

А1он