Заврши втората рунда преговори помеѓу владејачката ВМРО ДПМНЕ и опозициската СДСМ во Брисел.
По средбата беше објавено само кусо соопштение од европскиот посредник, европратеникот Едвард Кукан, во кое се потврдува дека ќе се одржи и трета рунда. Други изјави за јавноста нема. Непознато е за што разговарале присутните, ниту дали е постигнат некаков договор.
Европските посредници се обидуваат да им помогнат на „завојуваните“ страни да најдат политичко решение за бојкотот на опозицијата во Собранието и дијалогот помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, како и за последиците од аферата „Пуч“ и “бомбите“ на опозицијата.