Пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов за „Макфакс“ одговори дека за уставните измени во Собранието ќе гласа така како што гласал народот. На прашањето дали ќе гласа за уставните измени со кои треба да се примени Договорот од Преспа, Минов кратко одговори: „Према народот, како?!“.
На дополнително прашање дали тоа значи дека нема да гласа за промената на Уставот во Собранието, Минов само дополни „Вие ме прашавте, јас ви одговорив“. Минов рече дека до денеска власта не го консултирала во обидот да го убеди да гласа за уставните промени за Договорот со Грција. Минов кој беше избран за пратеник на изборите во 2016 како дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше против Законот за употреба на јазиците.
„Макфакс“ го консултираше пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, но тој не одговори на телефонскиот повик. Тој беше избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година од АВАЗ во Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Васко Маглешов