Ќе дадеме налог и ќе си гласаат, му вели Канческа-Милевска на Јанакиески

Од:

Во кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. На денешното рочиште се репродуцираат необјавени „бомби“.

Во една од нив од 28 март 2013 година, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и’ врти на тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска за да и’ побара да гласаат вработени во институции од културата.

„Дајте ми шо треба… За Оливер не е проблем. Ќе дадам налог и ќе си одат да гласаат. Јас ќе му се јавам на Оливер“, вели Канческа.

Миле ја советува дека тоа се вработени во КИЦ, Драмски театар, Театар Комедија.

„Одма ќе ги свикам јас ако треба“, му вели ексминистерктата на Јанакиески.

Во друг разговор, соговорник на Јанакиески му вели дека Жарко Луковски од „Телеком“, му дал список со броеви од 2000 луѓе и да се врти кај нив.

Предметот за изборни измами е во фаза на доказна постапка и се изведуваат бомбите на СЈО.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток