Ќамили ветува инвестиции и развој на општина Долнени

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Долнени Џемил Ќамили најавува инвестиции во општината и решавање, како што изјави денеска, на многу отворени прашања во областите: образование, урбанизам, инфраструктура, економскиот развој, воопшто, здравството и социјалната заштита, културата и спортот и животната средина.

Во тие области, според Ќамили, ссостојбата е катастрофална. – Општината има големи долгови, односно, се оневозможува нормалното работење и на наставно-едукативниот процес. Во овој поглед, ќе се градат дополнителни училници, ќе се подобрат условите за настава, ќе се ангажира професионален кадар, ќе се отворат нови градинки кои недостасуваат во општина Долнени, изјави Ќамили.

Ветува развој на населените места преку изградба на патишта и улици, зелени површини, водоснабдителни и канализациски системи и осветлува.

Според Ќамили, за оваа општина од витален карактер е и изградба на пат што ќе ги поврзе општините Чашка и Долнени. ДУИ, посочи, предвидува и индустриска зона за што, во населбите каде што има услови и понуда на градежни парцели, постои интерес кај домашните и странските инвеститори.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата