Ќахил: Рамковниот ги направи Турците граѓани од трет ред

Од:

Охридскиот рамковен договор нема сериозни механизми за развој на демократијата и не успеа да воспостави природен функционален систем во државата во однос на помалку бројните етнички заедници, смета претседателот на Партијата за движење на Турците, проф. д-р Аднан Ќахил.

Ќахил истакнува дека од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор турската заедница во администрацијата не е застапена со заслужувачки процент во однос на вкупниот процент на население од оваа заедница во државата.

„Во голем број министерства нема ниту еден вработен од турската заедница. Турците во Македонија се маргинализирани, правата на турците во Македонија се минимизирани и ако ги споредиме позициите од претходниот период ќе констатираме дека Турците во Македонија после Рамковниот договор станаа граѓани од трет ред“, додава Ќахил.

Според него, денеска овој Договор во Македонија се имплементира од позиција на сила и се користи од владејачката гарнитура за политички пазарења.

„Охридскиот рамковен договор е некое правило на проценти. Ваков систем никаде во светот не постои, каде што има мнозински народ – заедници кои се над 20 отсто и заедници кои се под 20 отсто. Се прашуваме што ќе се случи во таа идна ЕУ кога членови ќе бидат Турција, Албанија, Македонија и др. Дали тогаш правилата на проценти ќе важат, зашто односот на Турци спрема други ќе биде можеби 100: 1?“, прашува Ќахил.

Би можело да ве интересира

Државјани на Турција грабнале сонародници и од нив барале пари

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

23 турски државјани пристигнале со чамец на грчкиот остров Хиос, наводно бараат азил

Жарко Настоски

ТХП: Задоволни сме од активното учество на Турците во референдумот

(ВИДЕО) Сарач: Се сомневаме дека Латас се извини под притисок од други центри на моќ

Емир Латифовиќ

Енес Ибрахим поднесе тужба против Латас и ТВ Сител

Емир Латифовиќ