Китев: Да застанеме на пат на иселувањето на младите од кавадаречко

Од:

Бетиан Китев, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кавадарци, вети голема посветеност, интензивна работа и остварување на реално ветените работи.

По примерот на Струмица и Куманово, вети, ќе се воведе гасот како основен енергенс, за потребите на граѓаните, општината, но и на индустријата. Основни приоритети ќе бидат:решавање на водоснабдувањето,  унапредување на земјоделието, посебно во лозарството и овоштарството, нов и модерен зелен пазар,  урбанизирање на градот, средување на инфраструктурата и уличното осветлување, катна гаража која ќе ја растерети гужвата, поврзувањето на градот со околината, со изградба на локални и регионални патиштара, развој на индустриската зона, со изградба на производствени хали по примерот на Струмица што ќе значи отворање на многу нови работни места, активно вклучување на општината во меѓународната промоција и афирмација на тиквешкото вино и грозје,враќање на сјајот на манифестацијата тиквешки гроздобер и развојот на туризмот, подобрување на условите за живот во селата .

„Преку сите овие мерки, конечно мора да му застанеме на пат на иселувањето на младите луѓе од Кавадаречко, затоа што трендот кој сега владее на иселување на младите и тоа сите кои имаат било каква можност, го уништува животот на општината и градот Кавадарци пропаѓа“, рече Китев.

Ги покани кавадарчани на вечерашниот митинг.

„Би сакал да ги поканам моите сограѓани вечерва да ѝ дадат поддршка на мојата кандидатура,да  излеземе вечерва на митингот на градскиот плоштад, да кажеме дека ни е доста од сегашната состојба, дека сакаме подобра иднина и подобар просперитет за нас и нашите семејства. Да го кренеме заеднички гласот за подобра иднина“, рече Китев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, молат луѓе да се кандидираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ