Китев: Соработката со Владата е клучна за развојот на општина Кавадарци

Од:

Соработката со Владата е клучна за развојот на општина Кавадарци, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на тој град од редовите на СДСМ и коалицијата, Бетиане Китев.

– Гасификацијата, градинката, новата противпожарна станица, становите за млади брачни парови и самохрани родители, затворениот пазар, но и сите останати суштински инфраструктурни проекти кои се насушно потребни на нашиот град, општината без помош од централната власт самостојно не може целосно да ги реализира. Развојот на општина Кавадарци е силно врзан со блиската соработка со централната власт, посочи Китев.

Изминативе осум години, иако, како што рече, локалната и централната власт беа под ВМРО-ДПМНЕ, „сепак многу малку средства од централно ниво како капитални дотации се влеваа во буџетот на општина Кавадарци, споредено со другите општини во Македонија”.

– Но, причината за тоа е скоро никаквата лоби моќ и влијание на овдешното раководство на ДПМНЕ во Владата во Скопје, за разлика од другите општини кои лобираа многу повеќе. Од друга страна, ние како Општинска организација на СДСМ од Кавадарци и јас лично како долгогодишен пратеник, имаме изградено силни и блиски релации и со премиерот Зоран Заев и со сите министри во новата Влада на Република Македонија, рече Китев.

Токму тие релации и блиска соработка со Владата, потенцира, ќе бидат клучни сите овие капитални инфраструктурни проекти во Кавадарци да бидат реализирани со помош од Владата.

Тој прес-конференцијата ја одржа на местото каде треба да биде изграден нов поголем мост во Ваташа.

– Дури и противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има наведено дека овој нов мост, кој би чинел околу 300.000 евра, би се реализирал само во соработка со Владата. Соработката со Владата е суштинска за напредокот на Кавадарци и реализирањето на сите важни инфраструктурни проекти во нашата општина, додаде Китев.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски