Китев: Мојата визија е Кавадарци да стане модерен европски град

Од:

Мојата визија е Кавадарци да стане модерен европски град, со одлична инфраструктура, со чист воздух и здрава животна средина, урбано целосно уреден, привлечен за турустите и економски силно развиен, каде секој граѓанин ќе може достоинствено да живее. Ова го истакна денеска на прес-конференција Бетиане Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата.

– Со сите сили ќе се борам општина Кавадарци да стане лидер во транспарентност, отчетност и ефикасност на администрацијата. Општината и претпријатијата ќе бидат вистински сервис на граѓаните. Време е Кавадарци да го добие сјајот кој го заслужува и од политички, но пред се од економски и социјален аспект. На Кавадарци му се неопходни промени, нагласи Китев.

Граѓаните на Кавадарци, додаде, заслужуваат да имаат многу повисок животен стандард, посредени улици, поубави паркови, нови градинки, нови спортски терени и почист воздух.

– Заедно здружени може да направиме многу за нашиот град, порача Китев.

Напредокот на Кавадарци и подобрувањето на животот на граѓаните рече дека отсекогаш биле примарна цел во неговата политичка кариера.

– Како советник во општината и особено како пратеник во Собранието на Македонија, секогаш со искрена желба и со сите сили се борев за Кавадарци и за кавадарчани, рече тој и додаде дека за таа цел одлучил да придонесе за подобрување на животот во Кавадарци и ја прифатил кандидатурата за градоначалник.

Силно верувам, додаде, дека Кавадарци со напорна и посветена работа, но и со искрени и некорумпирани луѓе на чело на општината, може да стане еден од најразвиените градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски