Кирацовски за Свети Сава: Да ја градиме Македонија како едно општество преку меѓусебно помагање и разбирање

Од:

По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и мирен и квалитетен живот.

Непроценливото богатство на традиции, вредности и различности што во себе го носи Македонија, ја прават посебнна држава со која се гордееме.

Нека различностите, меѓусебното разбирање и помагање што ги негуваме ни бидат поттик секојдневно да ги подобруваме условите за живот, да ја градиме Македонија како едно општество на еднакви, слободни и среќни граѓани.

Со тоа, даваме пример и на идните генерации да ја почитуваат традицијата на меѓусебни односи и културни особености како универзална вредност на нашата држава.

Имајте убав празничен ден“.

Би можело да ве интересира

Одржана Светосавска академија по повод националниот празник на српската заедница во Македонија

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите

А1он

Заев: Славењето на празникот Свети Сава е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување

Жарко Настоски

Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава