Мицкоски од Светосавската академија: Културната соработка носи напредок

Од:

Премиерот Христијан Мицкoски вечерва се обрати на Светосавската свечена академија, порачувајќи дека овој настан со својата духовна и културна димензија не потсетува на трајните вредности што не поврзуваат.

– Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен темелниците на балканското духовно и културно наследство заедно со светлите ликови и датуми на останатите балкански народи, објави премиерот Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тие се нашата заедничка ризница и, посочи, „ние како генерација сме должни да ја негуваме меѓусебната почит и разбирање и на тој начин да ги продлабочуваме заедничките врски како народи“.

-Тука во Македонија со векови сме живееле токму така, како мозаик од различности, сме соработувале, сме се радувале на убавите работи, и сме тажеле заедно кога било тешко и заедно сме успевале да ги пребродиме сите предизвици. Доволно се делевме и спротивставувавме, потенцира Мицкоски.

Премиерот нагласи дека кога соседите се почитуваат, кога културите се среќаваат и се надополнуваат, тогаш се отвораат нови можности и хоризонти за заеднички проекти, но и за трговија, за инвестиции, за млади кои учат еден за друг, еден од друг.

-Тоа е нашата иднина, иднината на регионот. Ние не сме осудени да живееме еден покрај друг, туку сме судбински врзани да работиме еден за друг, еден со друг, за подобро заедничко утре, додаде премиерот во објавата.

На Светосавската свечена академија присуствуваат вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, Милош Вучевиќ, личен претставник на претседателот на Србија, вицепремиерката и министерка за економија Адријана Месаровиќ, српскиот министерот за култура Никола Селаковиќ, Ѓорѓе Миличевиќ, министер задолжен за координирање на активностите и мерките во областа на односите со Србите во регионот и дијаспората, и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата