Кирацовски во посета на катастар Струга

Од:

Заменикот министер во министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, денеска, го посети подрачното одделение за катастар на недвижности во Општина Струга кое брои 25 вработени.

На самиот почеток пред средбата Кирацовски искористи една од нивните услуги – Отпечатување на имотен лист.

Тема на средбата беше информирањето на заменикот министер за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат административните службеници кои во својот делокруг ги имаат катастарските услуги, како и влијанието на правилниците и процедурите за катастарско работење врз работата на службениците. Во однос на новиот закон за административни службеници, сите изразија загриженост и несогласување за истиот бидејќи се директно засегнати и тоа негативно влијае на нив, особено во делот на оценувањето.

Заменикот Кирацовски исто така се заинтересира за мотивираноста на службениците, како и условите во кои истите работат и ја вети својата безрезервна поддршка и заложба за законски измени кои се во прилог на административните службеници.

Би можело да ве интересира

Кирацовски: Џафери да не го става Собранието повторно во улога на штитеник на неподобни кадри, да свика седница за Мизрахи

Драган Поповски

Кирацовски: Не знам кој е Кики, а Коки е веројатно Боки

Кристијан Ландов

Кирацовски: Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро

Ана Ололовска

Кирацовски: Моите роднини се повлекуваат од функциите иако нема непотизам

Кристијан Ландов

По вработувањето на дедото, Кирацовски не се појави во Собрание

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Кирацовски: Одлуката за предвремени избори наскоро