Кирацовски се обрати на трибина посветена на проблемите на јавната администрација

Од:

Заменикот министер во министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, во петокот во Струга се обрати на трибина посвете на предизвиците и проблемите на јавната администравија во Македонија.

На трибината присуствуваа административни службеници и вработени во јавниот сектор, изразувајќи ги секојдневните тешкотии со кои се соочуваат на работното место, демотивираноста, политичките притисоци и „гушењето“ кое доаѓа од новиот закон за административни службеници, донесен од оваа власт, особено во делот на грубото оценување, соопштуваат од кабинетот на заменикот министер.

Присутните дадоа свои предлози за подобрување на квалитетот на административното работење, зголемување на ефикасноста и ефективноста, како и сугестии за промена на постоечкото законско решение, додаваат од кабинетот на Кирацовски.

Заменикот Кирацовски ја изрази својата подготвеност за поддршка на административните службеници и вработените во јавниот сектор, ставајќи се на нивна услуга и обврзувајќи се дека во најскоро време ќе излезе со предлог закон за укинување на овој модел на оценување во администрацијата, како и други предлози за измена на законските одредби кои ја комплицираат нивната работа.

Би можело да ве интересира

Кирацовски: Џафери да не го става Собранието повторно во улога на штитеник на неподобни кадри, да свика седница за Мизрахи

Драган Поповски

Кирацовски: Не знам кој е Кики, а Коки е веројатно Боки

Кристијан Ландов

Кирацовски: Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро

Ана Ололовска

Кирацовски: Моите роднини се повлекуваат од функциите иако нема непотизам

Кристијан Ландов

По вработувањето на дедото, Кирацовски не се појави во Собрание

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Кирацовски: Одлуката за предвремени избори наскоро