Кирацовски: Зошто МВР молчи за изгорениот автомобил?

Од:

Очекуваме од чесните вработени во Министерството за внатрешни работи, а убедени сме дека такви има, професионално, да го расветлат сомнителниот случај во којшто е запалено возило на истакнат активист на СДСМ во Битола, рече Александар Кирацовски.

До пепел изгоре запаленото возило на Маријан Јовановски, а полицијата од синоќа молчи.

Со оглед на тоа што возилото на Јовановски беше опожарено по масовниот митинг на СДСМ во Битола и обело-денувањето на скандалозните докази за инволвираност на локалната и извршната власт во против-законски и криминални цели, со право јавноста во Битола реагира: Дали на власта и пречи Марјан Јовановски?

Без да алудираме на било што, сакаме јавно да изнесеме некои факти, а јавноста нека суди!

Јовановски е еден од најактивните критичари на оваа власт, кој со својата досетливост и остра критика кон власта стана познат и на државно ниво.

Активен е по социјалните мрежи со пародична критика кон директорот на УБК. Беше оганизатор на пародичниот маскембал “Влада на РМ“, каде главни маски беа ликовите на Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Ставревски, Протогер.., а Марјан ја носеше маската со ликот на Мијалков!

slika 2

slika 3

Очекуваме од одговорните по закон, – расветлување на вчерашниот кукавички инцидент што треба да даде одговор дали критичкиот активизам на Јовановски е причината за истиот ?!

На нарачателите и сторителите им порачуваме:

Ако запаленото возило треба да биде сфатено како закана, знајте дека – ниту ќе не заплашите, ниту ќе не замолчите!

slika 4

Вистината за Македонија дојде по своето!

Нервозата кај тесниот врв во власта и нивните соработници е очекувана, но простор за манипулации со граѓаните веќе нема!

Како партија којашто почива на принципот на солидарност, информираме дека материјалната штета на Маријан ќе се обидеме да ја обештетиме преку хуманитарна акција, што ќе се реализира во просториите на сите Општински Организации на СДСМ и повикуваме да бидете дел од неа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“