Кирацовски на летен камп на СДММ: Обезбедувањето на подобра иднина за младите е приоритет за СДСМ

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, денеска, со младите, на летниот камп на СДММ во Охрид разговараше за актуелни теми и за иднината на Македонија.

Во своето обраќање, Кирацовски истакна дека СДСМ како одговорна партија е цврсто посветена на креирање квалитетни младински политики коишто имаат за цел да обезбедат подобра сегашност и подобра иднина за младите.

– Младите се нашата иднина. Затоа, обезбедувањето на иднината е исполнување на клучните заложби на која било политичка опција. СДСМ ја обезбедува македонската иднина, иднината на младите. Зајакнат и обезбеден е македонскиот идентитет и членството во ЕУ и НАТО. Интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедува отворање на нови развојни линии, нови финдови, нови сериозни странски инвестиции, поголема економска поврзаност со светот. Сето тоа обезбедува повеќе можности за младите и повеќе пари кај сите граѓани, посочи Кирацовски.

Генералниот секретар Кирацовски се заблагодари на поддршката од младите и порача да ја искористат историската шанса, и на референдум, слободно и демократски да кажат ДА за македонската иднина.

Охрабрен сум од силната поддршка на младите за интегративните и прогресивни процеси. Сплотени, заедно, со другарство и пријателство, одиме напред, Македонија оди напред, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он