Кичевски: ВМРО-ДПМНЕ е виновна за хаосот во Скопје и во јавните претпријатија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски создадоа хаос во Град Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот. Прв пат во историјата се случува Скопје да остане без јавен превоз, да не може да функционираат основните услуги за скопјани рече на прес конференција координаторот на советничката група на СДСМ во Град скопје Васко Кичевски.

– Целосно нефункционални јавни претпријатија, нема проекти, нема инвестиции, нема развој на градот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка се виновни за ситуацијата во која се наоѓа градот. Не може ВМРО-ДПМНЕ да се иземе од одговорност кога највисок орган на управување се Управните одбори а тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Сите УО во ЈП се назначени од советот на Град Скопје а таму ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството. Бараме посебна седница на Советот за да се разгледа состојбата во сите јавни претпријатија, да не се случи целосен колапс на градот. ВМРО-ДПМНЕ да не бега од одговорноста рече Кичевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он