Владата во текот на денот ќе поднесе дел од нацрт-амандманите на Уставот во Собранието, најави пратеникот Александар Кирацовски. Тој вели дека целиот процес за менување на Уставот ќе трае два и пол месеца имајќи превид дека три дена ќе се разгледува еден амандман, но и дискусијата на пленарната седница.
„Се надевам дека сите ќе учествуваат во дебатата за поднесените амандмани за заедно да го заокружиме процесот. Нема веќе за што да се преговара. 120 пратеници ќе ги разгледаат нацрт-амандманите бидејќи тоа е нивна работа. Потоа, заедно преку комисијата и пленарната седница ќе одиме на потврдување или подобрување на амандманите“, рече Кирацовски.
Пратеникот вели дека најавената комисија за национално помирување ќе се формира. Тој се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги надмине внатрепартиските проблеми и ќе ги стави националните пред личните интереси.
Кристијан Ландов