КЕРД: Државата не успева да ги заштити Ромите од расна дискриминација

Од:

Мрежата за заштита од дискриминација, заедно со здружението на граѓани Реактор – Истражување во акција до Комитетот за елиминација на расна дискриминација, (КЕРД) на последната сесија во август, поднесе Извештај во сенка, во кој се посочени проблемите со кои се уште се соочува ромската етничка заедница во Македонија, а особено слободата на движење, сегрегацијата во образованието, социјалниот статус на Ромите, невработеноста и правото на домување, непоседувањето на лична документација, како и проблемот со здравствената заштита на Ромите кои се корисници на дроги, но и жените Ромки.

Според заклучните согледувања на Комитетот за елиминација на расна дискриминација на Обединетите нации очигледно е дека државата не успева да ја подобри состојбата на Ромите како припадници на најмаргинализираната етничка заедница во Република Македонија. Комитетот посочува на ограничување на основни слободи и права и нивна неефикасна заштита, особено во делот на слободата на движење на Ромите, непоседувањето на лични документи, ситуацијата со децата Роми на улица и сеграгцијата во образованието.

Во однос на слободата на движење, Комитетот посочува дека е загрижен за случаите на расно профилирање на Ромите кои сакаат да ја напуштат државата и препорачува државата во целост да го почитува правото на граѓаните слободно да ја напуштат и да се вратат во државата, но и да преземе соодветни мерки со кои ќе се спречи испрашување, но и апсење поради етничката припадност на личноста. Загриженост околу ова прашање неодамна изрази и Комитетот за човекови права на Обединетите нации кој препорача државата да го почитува правото на секое лице да ја напушти која и да е земја, вклучувајќи ја и својата. Во делот на сегрегацијата на Ромите во образованието, Комитетот посочува дека е загрижен за информациите за одбивањето Ромите да се запишат во одредени училишта, особено во Битола, за само-сегрегацијата која постои кај децата Роми, но и за високиот процент на деца Роми кои се вклучени во специјалните училишта во државата. Во оваа насока,

Комитетот препорачува државата да спречи секаква дискриминација кон учениците од Ромската етничка заедница во пристапот до соодветно образование.

Во однос на ситуацијата со децата Роми кои живеат на улица, децата Роми кои се корисници на дроги и децата Роми кои немаат документи и не можат по никаков основ да ги остваруваат, Комитетот изразува особена загриженост и препорачува државата да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на правата на овие деца.

Комитетот изразува загриженост и за проблемот со домувањето на Ромите и за лошиот социјален статус, констатирајќи дека ромската етничка заедница е најизложена на сиромаштија, невработеност и социјална исклученост.

„Поради сето ова бараме Владата на Република Македонија да ја почитува Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација и да преземе итни мерки за спроведување на препораките на Комитетот за елиминација на расна дискриминација“, стои во барањето на Комитетот.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска