Кенан Хасипи реизбран за претседател на ДПТМ

Од:

Демократската партија на Турците е задоволна од сработеното и постигнувањата. Кенан Хасипи е реизбран за претседател.

„Овој конгрес го одржуваме во време на најголем подем на ДПТМ со голем број носители на јавни функции како никогаш досега – министер, пратеник, државни секретари, директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни пртпријатија, еден гардоначалник, 28 советници, судии во сите нивоа на судската власт, советници во Кабинетот на Претседателот и премиерот на Македонија, државни советници, директори на културни и образовни институции. Остануваме на заложбите за модерна, просперитетна и богата Македонија за што сонува секој пристоен и нормален граѓанин на оваа земја. Ќе ја продолжиме и интезивната сорабтка со Република Турција во интерес на заштитата и натамошното унапредување на етничкиот идентитет на Турците на овие простори како и зачувување и негување на богатото културно наследство од османскиот период зошто тоа е и непроценливо богатство и на Македонија“, рече Хасипи пред присутнити во Тетово.

На конгресот на ДПТМ, која е дел од владината коалиција, дојдоа министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски, Силвана Бонева , Андреј Петров , Талат Џафери од ДУИ, Руфи Османи и други гости.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Американскиот Конгрес го усвои законот за одбрана, вклучувајќи поддршка за Украина и Европа

„Волстрит журнал”: Републиканците ќе имаат тешкотии да го одржат мнозинството во Конгресот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он

По Конгресот, и американскиот Сенат донесе одлука за објавување на досиејата на Епштајн

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно