Кекеновски: Свесно по трет пат Мицкоски одработи за победа на СДССМ и ДУИ

Од:

„Таканаречениот лидер на ДПСМНЕ веќе 10-ти ден молчи и се подлабоко се затскрива во партиското дувло. Молчењето и млаката партиска реакција (реда-ради) до ДИК и Управен суд само го потврдуваат неговото индиректно соучесништво во најголемиот изборен фалсификат во историјата на Република Македонија. Свесно по трет пат одработи за победа на СДССМ и ДУИ. Вака свесно молчеше и млако одработуваше и за легализација на Преспанскиот договор, за промената на Уставот и името на државата.

Заради неговата самоумисленост и нереална амбиција дека мора да биде макар и виртуелен премиер на државата тој е спремен да молчи и одработува се до локалните избори кога очекува нови вонредни парламентарни избори“, напиша Јове Кекеновски на својот фејсбук профил.

„Во моментот за него и за раководството на партијата најбитно е што тој останува лидер на партијата, a партиските кадри од највисокото раководство за кои се водат сериозни кривични постапки сега добија пратенички имунитет преку кој во иднина ќе бараат спас за сопствената кожичка. Тоа значи дека засега успешно е реализиран првиот дел од договор помеѓу Заев-Мицкоски и меѓународната заедница.

*(Сетете се само како и зошто мошне брзо Мицковски се согласи за вонредни избори иако бараше заради здравјето на луѓето тие да се одржат на есен, Прашање на ден е кога на виделина ќе излезат и другите причини за „одоброволувањето“ на Мицкоски)

За Мицкоски и мицковистите Република Македонија и не мора да постои дури и во Статутот на партијата, не е важен скандалот со изборниот фалсификат како ниту сторениот криминал од страна на членовите на ДИК. Важно е дека во овој момент после четири изборни порази по ред наместо прашањето на одговорност започнала ,,демократизацијата” на партијата. Важно е што нивните противници односно помалите конкурентски партии и коалиции се свесно ,,омаловажени и срозени” во договор со Заев и со помош на партиските испоставеници и служители во ДИК и Управен суд. Но, затоа тука им е десната левица која набрзо ќе им го ,,изеде” џигерот.

Партиските пајташи засега (барем времено) се во одлична ситуација. Една година лесно и брзо поминува, а народот е со кратко паметење. Нему дајте му само игри и забава и се ќе заборави и тој никогаш нема да се побуни за ништо.

По се изгледа гревчињава заборавиле дека живеме во третата декада на ХХI век, а не на почеток на II век“, пишува Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски