А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кекеновски: Со собирот во недела Груевски сака да изглуми дека уште има контрола

by А1он13/03/2015 - 15:0213/03/2015 - 15:24651
Share0

Професорот, Јове Кекеновски, за собирот на ВМРО-ДПМНЕ во недела во салата „Борис Трајковски“ вели дека е обид на партијата да покаже привид на единство во ситуација кога е разнебитено членството.

Следете a1on на Instagram Instagram

Кекеновски вели дека опаѓа довербата на симпатизерите во раководството на партијата и дека поради тоа штабовите се организираат со веќе познатите методи на присилба да покажат масовност во недела.

– Тие до сега беа во дефанзива каде што се обидуваа популистички, ветувајќи нови работни места и нови инвестиции, да ги намалат последиците од бомбите. Бидејќи почнуваат да се јавуваа голем број на незадоволни луѓе, во оваа втора фаза сакаат да направат привидно единство. Намерата им е да покажат дека Груевски држи контрола и дека ја има целосната поддршка од партијата, да глумат единство пред јавноста, а од друга страна да упатат јасна порака до опозицијата демек се единствени и дека нема лесно да се предадат, изјави професорот за „А1он“.

Кекеновски верува дека партиските штабови ќе ги употребат веќе познатите методи на присилба и списоци за во недела да го донесат членството во салата „Борис Трајковски“. Веќе медиумите информираат дека штабовите работат со полна пареа, дека партиските војници ги посетуваат членовите од врата до врата и дека со смс пораки ги повикуваат на трибина.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ние знаеме дека тие така функционираат. Но не е проблем да ја наполните салата, затоа што колку тие што ќе дојдат се вистинските? Од срце доаѓаат или доаѓаат од што мораат? Тие знаат колку се задоволни членовите во ВМРО-ДПМНЕ и колку не се. Секогаш играат со картата на бројки, па нека си пресметат сами, посочува тој.

На прашањето дали се менува расположението на членството во самата партија, Кекеновски вели дека се немалува довербата кон партискиот врв и дека јазот се повеќе ќе се зголемува како што ќе излегуваат нови скандали за владините фукционери.

– Како што ќе се појавуваат новите бомби и колку поскандалозни ќе бидат, така поддршката ќе опаѓа, вели тој.

Маја Васева

dpmnekekenovski

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео