Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Од:

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, по дојава на Министерството за внатрешни работи на 5 март март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон село Калишта. Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април, соопшти денеска ДИЖС.

-Со цел да се спречи оштетување на природното наследство – Охридското Езеро и крајбрежјето од палењето трски, Државниот инспекторат за животна средина на 12 март иницираше соработка со општина Струга и Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Струга.

Началникот на ОВР Струга ќе ги зајакне патролите и во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе се изрекуваат казни за сопствениците на парцелите што граничат со државно земјиште на кое е запалена трска, се наведува во соопштението.

Началникот, се додава во соопштенито известил и за насипување земја на крајбрежјето и во самото езеро во близина на изгорените трски.

Државниот инспекторат ќе покрене кривична пријава против познат сторител за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, врз основа на посетата на терен и документацијата од истрагата што е спроведена од страна на ОВР Струга.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ