Казни од по 2000 евра за шестмина скопјани кои во стан славеле Стара нова година

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на ширењето на коронавирусот, се собрале во стан на улица „Иван Козаров“ за да прослават Стара Нова година – Василица.

– Иако со мерките и прописите во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година беа забранети секој вид масовни прослави на отворен и затворен простор, како и семејни собири со повеќе од 4 лица, обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена проверка и контрола, се наведува во соопштението.

За нив јавниот обвинител му предложил на судот да определи парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.

Би можело да ве интересира

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор за сертификатот директно од ETS – СДСМ за отфрлената кривична пријава против Христовски

ФИФА ги казни фудбалските асоцијации на Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, Босна и Херцеговина и Индонезија

Обвинителството бара притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија

Обвиненија за пожарот во „Пулс“ до средината од јуни, испрашани се над 300 сведоци

Давале несоодветна или терапија од која пациентите немале корист, обвинети Нино Васев и уште тројца лекари во случајот „Онкологија“

Катерина Ѓуровски