Казнети 19 возачи кои не дале предност на пешаци на територија на СВР Тетово

Од:

Изречени се 19 казни за возачи кои не дале предност на пешаци на територија на СВР Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (2 февруари) од 14 до 17 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците.Во контролата, откриени и санкционирани се 19 возачи (ТЕ-15 и ГВ-4) кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите им се изготвени поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.Во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-13 и ГВ-3). СВР Тетово ќе продолжи со вакви активности и во наредниот период и апелира до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски