Јовановски и Камчев се скарале пред Кривичниот суд

Од:

Кавга меѓу Орце Камчев и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки-13 имало пред зградата на Кривичниот суд, за време на спроводот на Јовановски од затворот во Шутка и пристигнувањето на Камчев за да сведочи по предлог на обвинетата Катица Јанева. За инцидентот слушнала и дел од одбраната, која дознала од свои колеги. Ирена Фрчковска која е бранител на Катица Јанева, за „А1он“ вели дека станувало збор за вербален, но не и физички напад.

„Јас не бев присутна, но слушнав од колегите дека надвор имало некое карање, вербална расправија. Јанева беше донесена подоцна, нема никаква поврзаност со тоа“, посочи Фрчковска.

Директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ, за „А1он“ вели дека слушнал за наводен инцидент, но тоа за него не е релевантна информација бидејќи не е потврдена, односно дека е шпекулација.

„Бојан сега е донесен во притовр. Вработените кои ги правеа спроводот пишуваат извештаи, кога ќе ја видам белешката би знаел дали имало или немало инцидент. Во понеделник ќе имаме информација“, посочи Рахиќ.

Дел од медиумите објавија дека полицијата спречила физички инцидент меѓу Јовановски и Камчев, но засега, овие информации не се потврдени.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија