Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

Од:

Општина Кавадарци попладнево излезе  со препорака до возрасните лица кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, поради најавените екстремно ниски температури.

„Во пресрет на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица, Општина Кавадарци информира дека е подготвена успешно да се справи со истите. Се препорачува, старите лица кои моментално живеат во планинските села да се симнат во урбаните средини“, препорачаа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Воедно, упатен е и повик до ловците во деновите на очекуваното невреме да се воздржат од своето хоби.

Општина Кавадaрци. исто така, апелира до граѓаните, без посериозна потреба да не се упатуваат кон Бошавијата, мариовскиот дел на Тиквешијата, во ридско – планинскиот села, како и во оддалечените викенд населби на Тиквешкото езеро.

Би можело да ве интересира

Силни врнежи и снег во западните делови, студен бран ја зафати државата

Претпладне дожд, попладне снег

Москва: Најобилни снежни врнежи во последните 56 години

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка