Кавадарчанецот кој скршил нога бегајќи од полицијата завршил на Трауматологија

Од:

Кавадарчанецот кој синоќа скршил нога бегајќи од полицијата за време на полициски час завршил на Клиниката за трауматологија во Скопје. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при Општа болница со проширена надлежност Кавадарци, кој синоќа бил дежурен лекар.

– Констатирав фрактура на потколеница која не е стабилна и во договор со дежурниот доктор на Клиника за трауматологија, пациентот беше испратен во Скопје на понатамошно лекување, појасни тој.

Претходно информиравме дека кавадарчанец добил скршеници прескокнувајќи ограда, бегајќи од полиција за време полициски час. Драмата која му се случувала синоќа на 30-годишен кавадарчанец, за МИА ја потврди Ратко Грков, доктор во Брза помош Кавадарци.

– Интервениравме на повик синоќа околу 18 часот. Младиот човек имаше комплетно две скршеници на двете коски на потколеница. Имобилизиравме и го пренесовме во болница. Стануваше збор за повреда за која е потребен оперативен третман, рече докторот.

Според тоа што го раскажал 30-годишникот, додека се движел со автомобил, му била покажана полициска палка за да застане. Не го почитувал знакот и продолжил кон селото Марена. Во селото излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да влезе во дворот на другар. Таму и се повредил.

Со повреденото момче било уште едно лице кое имало зголемена температура и болки во гради и мускули, па било упатено кај матичен лекар за да му се направи епидемиолошка анкета за понатамошно постапување, според препораките на Министерството за здравство. Со Брза помош било однесено дома со препорака да се самоизолира.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on