Кавадарчанец со воздушен пиштол пукал кон куќата на соседот

Од:

Во полициска станица заврши 42-годишен кавадарчанец.

Станува збор за Ѓ.М. од Кавадарци кој вчера околу 19 часот од терасата од својот дом со воздушен пиштол „колт“ испукал неколку дијаболи кон патот и кон терасата на негов сосед.

„Лицето било приведено во полициска станица, а пиштолот и дијаболите му биле одземени. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Исчезна пиштолот на Хитлер – вреди 42 милиони долари

А1он

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен