Катругалос: Мицотакис ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот од Преспа

Од:

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од СИРИЗА и надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос ги поздравува изјавите за време на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас „за важноста на целосното и доследно почитување на Договорот од Преспа“ како и изјавата на пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани „која го повика Дендиас да преземе иницијативи за поддршка на договорот“.

-Господинот Мицотакис, кој инвестираше во етно-популизмот и лицемерието, спротивставувајќи се на Договорот од Преспа, денес ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот, вели Катругалос и додава дека грчкиот премиер треба да ги објасни позициите на Владата.

На вчерашната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент, како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека потребно е целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа и истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања“.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони