„Катимерини“: Владата во Скопје го затвори првиот надворешен фронт

Од:

Владата во Скопје вчера ја објави содржината на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија што претствува прво затворање на надворешен фронт на новата Влада на Зоран Заев со една од вете соседни земји на Македонија кои се членки на Европската унија, пишува денеска „Катимерини“.

Во кус осврт на Договорот, нагласувајќи дека во документот се употребува уставното име Република Македонија, весникот наведува дека Бугарија, меѓу другото, „ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“.

„Оваа формулација и одговара на Атина затоа што јасно се однесува на одлуката од Букурешт, според која решавањето на прашањето за името е основен предуслов за влез на ПЈРМ во Северноатлантската алијанса, пишува „Катимерини“.

Весникот понатаму без коментар го цитира делот од Членот 11 според кој двете земји немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга и нути една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

Осврнувајќи се на членот 12 во кој стои дека во рок од три месеци од влегувањето во сила на Договорот, двете земји ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија, весникот пишува дека „тоа може да предизвика извесен притисок врз Атина“.

„Решавањето на ова прашање се очекува во пракса да предизвика мал притисок врз Атина, со оглед на тоа што Грција останува единствена земја членка на ЕУ во регионот која има несогласувања со Скопје“, коментира „Катимерини“.

Весникот потсетува дека на последната средба меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и медијаторот Метју Нимиц во Брисел се договориле дека не се очекува разговорите за името веднаш да продолжат.

„Како и да е, сите страни проценуваат дека 2018 година ќе биде исклучително критична за прашањето за разликите околу името“, заклучува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар