Уште еден грчки весник прогнозира дека медијаторот Нимиц ќе достави комплетно нов и конкретен предлог за името при посетата на регионот.
Повикувајќи се на свои извори од седиштето на ОН, грчки Катимерини пишува дека по последната средба на медијаторот со преговарачите, двете инволвирани страни сериозно му пристапиле на прашањето, а доказ за тоа бил фактот дека медиумите не објавиле кои биле идеите кои Нимиц им ги претставил на Василакис и Јолевски на средбата во Њујорк.
Катимерини анализира дека Атина ја има јасно нагласено потребата за сложено име со географска одредница и во овие рамки, според весникот се движел и последниот официјален предлог на Нимиц – „Република Северна Македонија“, а понатаму и размислувањето за „Република Вардарска“.
Нимиц во посета на регионот ќе биде од утре до 11-ти и ќе има средби со властите во Скопје и Атина.