А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Катимерини“: Меѓународните фактори ќе извршат притисок за решавање на спорот за името

by А1он02/01/2018 - 10:53112
Share0

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека последните несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција, по првпат на површина ги извадија тешкотиите што треба да се надминат во насока на постигнување компромис за името.

Добивај вести на вибер

Во текстот насловен „Тешките чекори кон решение на македонското прашање“, „Катимерини“ пишува дека се очекуваат зголемени притисоци од меѓународните фактори кои сакаат брзо решавање на разликите околу името за да се деблокира евро-атлантската перспектива на Македонија и на останатите земји од Западен Балкан.

Според весникот нивото на комуникација меѓу Македонија и Грција во изминатите шест месеци е на високо ниво и директно. Тие пишуваат дека се гледа добра волја во реториката на Заев, но очекуваат и конкретни и практични постапки, како промена на името на скопскиот аеродром или на автопатот, со што во пракса би се покажало отфрлањето на иредентизмот.

За можното решение за името, „Катимерини“ пишува дека тоа ќе содржи одредница заедно со терминот Македонија, но се уште не е познато дали ќе биде „Нова Македонија“, „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ или некое друго решение кое би го предложил Метју Нимиц.

За евентуалното решение во Македонија ќе се одржи референдум, пишува весникот и додава дека поради тоа Заев ќе треба да ги задржи сојузништавата за да биде одобрен договорот во период кога ВМРО-ДПМНЕ, се уште заздравува од падот.

– Времето за решавање на спорот со името е ограничено од фактот што по летото практично и двете земји навлегуваат во изборни циклуси. Изборите, барем оние закажаните, и во Атина и во Скопје ќе се одржат во 2019, пишува „Катимерини“

grcijaimeto

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен