Катимерини: Филе притискал на Македонија да и се даде датум

Од:

Состанокот на Советот за општи работи на ЕУ не помина безболно за Грција, пишува грчкиот весник „Катимерини“ повикувајќи се на грчкото МНР.

„Неколку колеги, со помош на комесарот Штефан Филе, вршеа притисок на Македонија да и се даде датум за почеток на преговори, на што Грција и други земји силно се спротивставија“, ги пренесува весникот изјавите на изворот од министерството за надворешни работи.

Ова прашање, како и интервенциите за промена на текстот за Македонија во заклучоците, предизвикале прекин на состанокот. Грчката страна барала во текстот да стои дека Скопје треба да „направи суштински ( значителни ) чекори за добрососедство“, додека останатите не сакале да се ставаат придавки.

„На крајот се дојде до компромисниот збор ’опипливи’: Скопје треба да направи опипливи чекори за добрососедство“, пренесува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска