„Катимерини“: Двете сценарија на Атина за исходот од референдумот во ПЈРМ

Од:

Годинава ќе заврши без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно никаков чекор, пишува грчкиот весник „Катимерини“ во анализата во пресрет на референдумот кај нас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот коментира дека „референдумот на 30 септември во ПЈРМ за одобрување (или не) на Договорот од Преспа, во Атина се следи со две основни сценарија. Во случај да биде отфрлен договорот, „Катимерини“ пишува дека „Зоран Заев не може да го направи следниот чекор и покрај фактот што референдумот има консултативен карактер“.

Второто сценарио што го анализира весникот е позитивен исход и одобрување на договорот, по што би следел процесот на уставна ревизија, „што може да трае и до три месеци“.

– Врз основа на досегашната негативна позиција на националистичката опозиција ВМРО-ДПМНЕ, не е веројатно дека успехот на референдумот ќе ги премисли пратениците од партијата за да одобрат промена на Уставот. Во овој случај, господинот Заев ќе ја одведе ПЈРМ на предвремени избори со цел да го зголеми парламентарното мнозинство и да го потисне ВМРО. На кусо, 2018 ќе замине без да биде потребно грчката страна да направи апсолутно ништо, пишува „Катимерини“.

Според весникот, меѓународните партнери на Атина, сметаат дека можните предвремени избори во Грција би можеле да го одведат договорот во ќорсокак.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски