Анкета на ИРИ: Катица Јанева со подобар рејтинг од политичарите

Од:

Специјалната обвинителка Катица Јанева ужива поголема доверба кај граѓаните од сите политичари, кажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена од 4. до 21. август во Македонија.

На анкетата 28 отсто се изјасниле дека имаат многу поволно мислење за Катица Јанева, а 23 отсто рекле дека имаат донекаде поволно мислење за специјалната обвинителка. По неа на листата следи премиерот Зоран Заев за кого 25 отсто од граѓаните имаат многу поволно мислење, а 26 отсто донекаде поволно.

Претседателот Ѓорѓе Иванов е трет и за него 21 отсто од граѓаните имаат многу поволно мислење и исто толку донекаде поволно. Талат Џафери е следен со 10 отсто многу поволно мислење и 22 отсто донекаде поволно, а по него следува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој иако има 15 отсто многу поволно мислење, што е повеќе од тоа на Џафери, има само 17 отсто донекаде поволно.

Најлош рејтинг од политичарите вклучени во анкетата има Мендух Тачи со 62 отсто многу неповолно мислење од граѓаните.

Анкетата била спроведена лице во лице на репрезентативен примерок од 1105 граѓани на Македонија и истата е со маргина на грешка од плус/минус три отсто.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ