Катица Јанева поднесе оставка

Од:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка, објавено е на веб-страницата на специјалното јавно обвинителство.

Во соопштението пишува: „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена“.

Јанева објаснува дека ѝ било чест да биде на чело на институцијата и дека нема да дозволи нејзиното име да се користи како алиби за заложништво на СЈО.

„Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезервно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја“, напиша Јанева.

„Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција“, пишува во соопштението.

Јанева им заблагодари на сите граѓани и на медиумите за поддршката. „Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија“, напиша Јанева.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов