Катица Јанева дома ја дочекала Новата година

Од:

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, дознава „А1он“. Според наши информации, таа затворот „Идризово“ каде ја одлежува казната за „Рекет“ го напуштила во петокот, а ќе треба да се врати денеска. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за „А1он“ ги потврдува информациите и додава дека користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор.

„Исполнува услови за добивање на викенд. Мислам дека е ова прв викенд кој може да го користи“, вели Фрчковска за „А1он“.

Јанева од затворот излегува првпат по нешто повеќе од пет месеци, кога од домашен притвор беше спроведена на издржување на затворската казна. Таа е осудена на седум години затвор, а во казната и се засметани деновите поминати во притвор и домашен притвор кои ги одлежа додека траеше судскиот процес. Пресудата сега е на вонредно преиспитување во Врховен суд, каде се уште не е донесена одлука за иднината на предметот.

Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години. На Јовановски му беа ставени на товар две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание и перење пари. Јанева пак, Обвинителството ја товареше за злоупотреба на службената положба и овластување. Милески-Кичеец беше осуден за примање награда за противзаконско влијание, по претходно признавање на вина.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on