Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Од:

Катастарските услуги поевтинуваат шест и повеќе пати за граѓаните, најави директорот на катастарот Иван Живковски и премиерот Христијан Мицкоски.

Ова намалување ќе важи 10 дена откако ќе биде донесен новиот изменет Тарифник.

– Доколку купите нов стан со гаражно место вие ќе треба да платите 4 пати по 1.250 денари, за имотен лист, за земјиштето под зградата, за заедничките простории и 1.250 денари за гаражното место. Ние предлагаме за една катастарска општина по правен основ вкупниот износ да изнесува во една единствена цена 1.250 денари. Овој тарифник ќе важи и за наследство и подарок. Доколку некое лице купи повеќе недвижнини, ова намалување ќе биде пониско со 6 отсто – рече Живковски.

Живковски рече дека кога дошол во катастарот затекнал состојба на заглавени 5.500 предмети. Од нив, по доаѓањето на новото раководство се завршени 2.200.

– Катастарот полека се ослободува од криминалот. Тоа го покажуваат заглавените предмети кои се решаваат, а кои директорот не кажува дека биле предмет на корупција. Многу интересни имиња се јавуваат овде, но да почекаме да обезбедиме докази за да ја информираме јавноста. Мораме корупцијата да ја искорениме и да ја исчистиме Македонија од криминалот од секаде во земјава – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска

Поднесенo обвинение против четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување