Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Од:

Припадници на МВР вчера во 11.20 часот ја уапсија С.Д.(61) од Радовиш, вработена во Агенција за катастар на недвижности, Подрачно одделение Радовиш.

Таа се сомничи дека на 8.6.2023 изготвила договор за отстапување на имот на жител од Радовиш, кој требало да биде изготвен од адвокат и за услугата побарала поткуп од 2.000 денари, кој на 4.7.2023 година и бил даден.

„На 4.7.2023 година во службените простории на Агенција, при преглед на осомничената била пронајдена банкнота од 2.000 денари, која претходно била обележана, а при претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело. С.Д. била задржана во полициска станица во Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а од Судија на претходна постапка изречени се мерки на претпазливост“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито