Кастрење на дрвјата покрај патот во селото Лакавица, се зголемуваат безбедноста во сообраќајот

Од:

На барање на локалното население и по налог на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, Јавното претпријатие „јавни паркиралишта и зеленило“, во текот на изминатиот викенд ги кастреше дрвјата и ја отстрани несаканата вегетација покрај регионалниот пат Гостивар-Србиново во делницата која што поминува покрај селото Лакавица.

„Беше барање на жителите од село Лакавица и планинските села кои гравитираат по овој пат, за да се кастрат дрвјата и да се отстрани несаканата вегетација што ја намалуваа видливоста и ја загрозуваа безбедноста во сообраќајот.

Вакви интервенции сме имале и на други локални и регионални патишта во територијата на општина Гостивар“, изјави директорот на претпријатието, Музафер Зулбеари.

Вреди да се спомне дека патот кој што поминува покрај селото Лакавица е дел од регионалниот пат Гостивар-Србиново чие што одржување му припаѓа на Јавното претпријатие „Македонски патишта”.

Но, поради неинтервенирање на ова претпријатие, Општина Гостивар, со цел да не страдаат граѓаните, се приморува со сопствените да врши неопходни интервенции.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски