Касами – Села: Новата коалиција ќе биде победничка

Од:

Лидерите на БЕСА и Алијансата на Албанците Биљал Касами и Зијадин Села кои настапуваат заеднички за вториот круг од локалните избори попладнево се сретнаа со дел од професорите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на која разговарале за актуелната политичка ситуација и претстојните избори.

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села се надева дека новата коалиција ќе биде победничка.

– Се наоѓам во Тетово да ми дадам подршка на претседателот на БЕСА Биљал Касами, кој е и кандидат за градоначалник на Тетово. Јас се надевам на победа на кандидатите за градоначалници од БЕСА и Алијансата на Албанците кои влегле во вториот круг од изборната трка, во сите општини од Липково до Струга, изјави Села.

Претседателот на Беса посочи дека коалицијата со Алијансата произлегла од народот.

– Јас сум свесен дека оваа соработка со Алијансата е задоцнета, но на крајот таа ќе биде успешна и победничка и оваа колацијата ја бараше народот. Нејзината цел е да се порази погубната политика на ДУИ, рече Касами.

На новинарско прашање околу излегувањето на неговата партија од Владата Села одговори дека таквата информација е резултат на пропагандата на ДУИ, како што рече, се со цел да се создаде хаос и сомнеж кај гласачите пред вториот круг од локалните избори

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски

АА: Укинувањето на балансерот е антиалбанска политика