Касами: Неуспесите на 18-годишното владење на ДУИ не можат да се покријат со барањето за премиер Албанец

Од:

Неуспесите на 18 години владеење на ДУИ не можат да бидат покриени со пуштање на „една рака муви“ за барање за премиер Албанец кога се знае дека тоа е утврдено со закон за начинот на формирање на владите, порача денеска лидерот на БЕСА, Биљал Касами.

Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша дека идејата што ја изнесе ДУИ за премиер Албанец во овие околности, кога веќе имаме одредени списоци на кандидати за пратеници и паузиран изборен процес, ја смета за популистичка и само во корист на добивање ситни политички поени.

-Фрлањето на оваа идеја во овој момент повеќе како може да се толкува дека ДУИ ќе оди во опозиција и пред своите гласачи за да се оправда дека тие не добиле премиер од своите редови и мора да одат во опозиција. Не е спорно дека Албанците во иднина може да имаат премиер во Северна Македонија, но тешко дека ова ќе биде кадар на ДУИ се додека тие не се борат против криминалот и корупцијата во нивната партија. Албанците во Северна Македонија одамна се срамат да се идентификуваат со политиките и политичарите во рамките на ДУИ, кои газеа сè што е албанско за време на своите 18 години на власт. Сонцето не може да се покрие со сито, исто како што неуспесите на ДУИ не можат да бидат покриени со само фрлање идеја за албанскиот премиер во временскиот контекст и политичкиот моментум во којшто се наоѓаме сега, напиша Касами во Фејсбук објавата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ