Карванот „Одбери стручно“ на МОН досега посети над 180 основни училишта во земјава

Од:

Карванот „Одбери стручно“ на Министерството за образование и наука досега посети над 180 основни училишта во земјава, а учениците имаа можност да се запознаат со предностите и придобивките што ги обезбедуваат насочените наставни програми.

Како што соопшти МОН, оваа кампања се организира со цел за разбивање на митовите што често се поврзуваат со стручните професии, а активностите изминативе недели се одржаа во општините во скопскиот, велешкиот, штипскиот, гостиварскиот и тетовскиот регион.

– Карванот „Одбери стручно“ има за цел со директни средби со учениците, но и со нивните родители, да ги доближи фактите за стручното образование кои често се поврзани со низа митови во јавната комуникација, како и во секојдневните разговори меѓу граѓаните. Наспроти вообичаеното верување меѓу учениците и родителите дека без факултет денес не може да се најде работа, податоците на Агенцијата за вработување велат дека 58 проценти од планираните нови вработувања се за кадар со средно образование. Уште еден многу значаен факт е дека 45 проценти од младите до 24 години во Северна Македонија се невработени затоа што нивните знаења и вештини не се во согласност со побарувачката на пазарот на трудот, рече вели Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Кампањата „Одбери стручно“, во чии рамки се одржува карванот, има две основни компоненти: првата е информирање на учениците за можностите што ги нуди средното стручно образование, како стекнување квалификации и употребливо знаење, полесен пристап до работно место и слично, а втората компонента има промотивен карактер, односно ги претставува сите струки и образовни профили што ги нудат средните стручни училишта во земјава. Карванот почна на 19 април, а до 29 мај ќе посети уште 170 основни училишта во земјава, со што вкупната бројка на локации на кои што тој ќе се одржи ќе биде повеќе од 350.

Освен сите струки и образовни профили што ги нудат средните стручни училишта во земјава, во рамки на оваа кампања и карван се презентираат и инвестициите на Министерството за образование и наука со кои што се издигнува квалитетот на овој тип едукација.

Учениците и нивните родители имаат можност да се запознаат со новите наставни планови и 1.040 модуларно дизајнирани наставни програми кои стартуваат во септември. Исто така, посетителите на карванот, како и тие што се информираат преку интернет-адресата odberistrucno.mk и страницата на Фејсбук, имаат прилика да увидат дека процентот на практична обука во вкупната едукација се зголемува, што значи поголема креативност и динамичност во наставата.

Со пораката „Одбери стручно, средно што е вредно“ оваа кампања ќе се обиде да ги урне митовите, меѓу кои е и тој дека условите во средните стручни училишта не се сменети со години. Фактите велат дека Министерството за образование и наука изминативе пет години вложи над 5.5 милиони евра во унапредување на условите во средните стручни училишта преку изградба на нови објекти, набавка на опрема и основање реални училишни компании. Широко присутен мит е и тој дека лицата што ќе завршат средно стручно училиште ќе имаат мала плата. Според Државниот завод за статистика, стручно оспособените работници имаат плата што не се разликува од просечната, а често е и повисока.

Би можело да ве интересира

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов