Студентите од Универзитет Американ колеџ-Скопје денеска по повод Светскиот ден на водата, огранизираа карван настан под мотото „Штеди и рециклирај вода”.
За значењето на водата се говореше во трите основни училишта од Скопје, „Јан Амос Коменски”, „Јохан Хајнрих Песталоци” и „Јахја Кемал”, чија главна цел е подигнување на свеста за важноста на водата, како и нејзината рационална потрошувачка преку забава и интеракција со учениците.
Најмладите цела недела собираа веќе искористена вода (при миење раце, лице, заби и сл.), која ќе биде полезно пренаменета (рециклирана), во конкретниот случај – полевање на зелените површини.
Учениците најпрво учествуваа во интерактивна презентација за значењето на водата, потоа имаа можност да ја отсликаат нивната креативност поврзана со значењето на водата на бели платна со темперни бои, а на крај сите колективно ги полеаа растенијата во дворовите.