Карпош ќе субвенционира купување нови велосипеди и електрични тротинети

Од:

Започнувајќи од понеделник, 21 март Општина Карпош информира дека ќе ја спроведе акцијата за субвенционирање до 30% од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и 30% од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари.

„Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на општина Карпош, кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 21.03.2022 година.

Притоа, жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција за оваа намена или пак добиле средства од Град Скопје за тековната година, немаат право да учествуваат по јавниот оглас.

Апликантите за субвенции треба да ги приложат следниве документи:

– Барање за субвенција за купување на нов велосипед или електрични тротинети,
– Изјава за согласност за обработка на лични податоци,
– Лична карта (фотокопија),
– Трансакциска сметка (фотокопија),
– Фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет, кој е купен не порано од 21.03.2022 година (понеделник).

Барањата со комплетната документација се доставуваат (физички) до архивата на Општина Карпош или пак, по електронски пат преку мобилната апликација М-заедница (достапна за IOS и Android), како и на веб страницата mzaednica.mk при што е потребно секој од горенаведените документи да биде скениран и прикачен на соодветното место“, соопшти Општината.

„По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед и електричен тротинет. Оваа акција ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, а ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“.

Правото на субвенција е еднократно“, се додава во соопштението на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски