Карпа се урна врз куќа во Делчево

Од:

Врз куќата на семејството Мемедови, во населбата трети реон во Делчево се урниса карпа и ја оштети.

Нема повредени лица, направена е материјална штета врз летната кујна, изграденна непосредно до куќата.

– Уривањето на карпата ме затекна на спиење. Очекувам помош од надлежните општински и државни органи во расчистувањето на дворот и санирањето на штетата, вели сопственичката на куќата Назмије Мемедова.

До уривањето на карпата дојде по завчерашните и вчерашните обилни врнежи од дожд во Делчевско, кои предизвикаа и зголемено ниво на водостојот на Брегалница и нејзините притоки.

Би можело да ве интересира

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Стан изгоре во пожар во Делчево

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Несреќа на патот Прилеп-Битола, загина 49-годишен маж

Несреќа во Германија: Возач изгуби контролата и „влезе“ во слаткарница, најмалку петмина се повредени

Несреќа во Германија, автомобил удри во група деца, има повредени