Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Европската унија нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата затоа што нашата позиција е правилна и е синхронизирана со европските и со националните интереси – вели вицепремиерот и минстер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов коментирајќи ја ситуацијата меѓу двете држави. Тој вели дека имало притсок од дел од членките на Европската унија, Бугарија да ги промени позициите.
„Му кажав на премиерот Заев дека тие ништо не направија три години и кога дојде моментот за решение беше доцна. Јас сум првенствено вицепремиер на Бугарија и нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови и што се обидуваат на некои начини да ги наметнат нивните позиции. Бугарија има јасни интереси. Имаше обиди да не разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но на крајот Бугарија мора да се грижи за своите интереси“ – рече Каракачанов.