(ВИДЕО) Kaраџовски: Проверете ја изјавата на адвокат дека новиот јавен обвинител е избран надвор од процедура

Од:

„Би го поздравил обраќањето на еден адвокат кога објави дека новиот јавен обвинител и избран надвор од процедура“ изјави првиот човек на Судскиот совет Зоран Караџовски на прес-конференција со новинарите.

Претседателот Караџовски изјави дека според, како што рече, изјавата на адвокатот, кого не го именуваше, на повтореното гласање во Собранието, Љубомир Јовески, Собранието не смеело да гласа, бидејќи немало законско право да го повторува гласањето ако за тоа нема мнозинство од 61 пратеник.

На новинарско прашање зошто тој ја дава изјавата како член на Судскиот совет, а изјавата се однесува на изборот на новиот јавен обивнител, за што Советот нема никакви ингеренции, Караџовски рече дека тоа е во насока на потранспарентно работење и подобрување на состојбите во правосудството.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава