Караџовски ги излажа новинарите, во обвинителството беше поради злоупотреба на службената должност

Од:

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, побара новинарите да му откријат кој им „шепнал“ дека треба да даде исказ во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со незаконски исплатените додатоци на плати на членовите на Судскиот совет.

Тој, од обвинителството излезе по четири часа и изјави дека имал службени обврски.

Од обвинителството, за „А1он“ велат дека Караџовски немал никакви службени обврски туку пред јавен обвинител требало да одговара за постапката за сторено кривично дело.

Доколку првиот човек на институцијата која треба да е гарант за независноста на судството и пред која делителите на правда одговараат за совесното работење и почитување на правдата, не ја говореше вистината пред новинарите, логично се поставува прашањето како граѓаните да имаат верба во судството.

До кога вакви личности кои кога се во прашање нивните лични интереси не ги почитуваат законите ќе водат ваква значајна институција како што е Судскиот совет и дали со ваков профил на функционери во судството можат да се прават неопходните судски реформи?

Шест месеци Караџовски молчи за јавната прозивка од СЈО, кое со име и презиме ги нотираше судиите кои, според нив, биле под политичко влијание. Со директно мешање во вршењето на судиската функција, биле поткопани темелните вредности на Уставниот поредок. Таква улога, според СЈО имале екс претседателката, но сега поранешниот член на Судскиот совет Александра Зафировска, шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката од Вишиот управен суд Светлната Костова и Софија Лаличиќ судија од Кривичен.

Караџовски не го повика Јово Вангеловски на одговорност ниту за случајот АКМИС, ниту за Сеад Кочан.

Синдикатот на УПОЗ како скандалозна ја оцени одлуката на претседателот на Судскиот буџетски совет и на Судскиот совет Зоран Караџовски поради двете одлуки за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти за членовите на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоци за плата за септември и октомври.

И министерката за правда Рената Десковска беше децидна дека законски основ за додатоци на плата имало за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. Кога сами си доделуваат додатоци кои не им следуваат не е само скандал туку е и противзаконски.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски