Караџовски ги брка медиумите, не сака јавност во Судскиот совет

Од:

И покрај барањето на екс претседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова јавноста да присуствува на разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите во Судскиот Совет, тоа не беше дозволено.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски рече дека не е основано барањето на Неделкова јавноста да присуствува на разгледување на пригововорите и дека секој кандидат кому не се допаѓа оценката може да поднесе претставка.

На медиумите им беше кажано дека нема да има никакви изјави и да си заминат од објектот од Судскиот совет.
Во Судскиот совет денеска иако беше најавено, не се појави Неделкова, а не дојде ниту Владимир Панчевски кој со вонредното оценување доби оценка за да може да се кандидира и да не испадне од трката.

Неделкова од Судскиот совет бара одговор зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190.
Таа го повика Караџовски доколку судството е транспарентно како што пропагира тогаш не треба да е проблем да присуствуваат и медиумите на седницата на Судскиот совет.

На денешната седница, членовите на Судскиот совет треба да дискутираат и кривичната пријава што судијата Иван Џолев, инаку кандидат за претседател на Кривичниот суд му ја поднесе на досегашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за примање награда за противзаконито влијание, како и за претставката што против Панчевски ја поднесоа 13 судии, кои го обвинуваат дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“

Караџовски не смее да ја исклучува јавноста од одлуките што ги носи Судскиот освет, посебно по вонредното оценување во ноември кога тајно на Владимир Панчевски му ја сменија оценката од 3 на 4 за да може да се кандидира повторно за првата позиција на Кривичниот суд.

Судската фела се сомнева дека Караџовски има политичка нарачка да го постави токму Панчевски повторно на позицијата во Кривичниот суд и да ја тргне Неделкова од Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Предраг Петровиќ